Tuesday, March 20, 2012

Hyundai i30 -вистинска урбана легенда

         Новото Hyunday i30 има претензии за врвот на неговата класа. Тоа е Корејскиот нов директен ривал на Volkswagen Golf  и Ford Focus споделувајќи многу карактеристики од надворешниот дизајн со поголемио брат Hyunday i40. Нападниот дизајн и големата кабина се искомбинирани со една од најопремените во класата hatchback. 





Hyunday i30 е дизајниран со цел да се постигнат економични резултати при возењето  а не за перформанси. Моќниот CRDi 1.6 мотор со 128 кс повлекува веднаш штом излезе на асвалт и од 0 до стотка забрзува за 10.9 секунди. Лесен за управување и безбеден за возење. Автоматскиот менувач е мазен и лесен но не се препорачува бидејќи ја зголемува потрошувачката и ја впива моќта на моторот.
Во главно удобен автомобил, единствено помалку удобен во аглите. Мала бучава во кабината и моторот е тивок. Удобен е за подолги патувања. Има огромен простор во кабината а предните и задните седишта се внимателно дизајнирани да пружат потпора на вистинските места.  Во внатрешноста материјалите се со врвна изработка и квалитет. Во споредба со стариот i30 ова е сосема друга лига кога е во прашање внатрешноста.


Добрите страни на овој автомобил би биле просторната кабина и квалитетна внатрешност, ниската цена и добрите перформанси. Додека негативности би биле високата потрошувачка со автоматскиот менувач и слабата предна прегледност.




Цените во Македонија за овој автомобил ќе се движат од 10.500 евра до 13.000 евра.

No comments:

Post a Comment