Monday, March 19, 2012

Kia Rio -автомобил на годината во Македонија за 2012


Не е повеќе само обично превозно средство туку Kia Rio се придружува на растечката  листа на автомобили кои подигнаа вискоки стандарди во стилот, динамиката, перформансите и опремата.






Достапна е како hatchback и sedan, има седишта кои би биле удобни на повеќето возачи и патници, а и материјалите од која е изработена внатрешноста се квалитетни. Поситните возачи би требало да ги обожаваат предните седишта кои ќе им се удобни но проблем ќе имаат оние повисоки возачи со страничните потпирачи кои се пренагло подесени. Новата командна табла додава нов изглед во внатрешноста но исто така и задоволителен простор. А прегледноста се намалува со предниот прозорец поставен превисоко. 






Новото Rio доаѓа со четири мотори и тоа 1.2 CVVT 16V со 85 кс, 1.4 CVVT 16V со 109 кс, 1.1CRDi WGT 12V со 75 кс и 1.4CRDi WGT 16V со 90 кс.Новата трансмисија овозможува мазно менување и исклучителна економија на гориво, во избор од 4 или 6 брзини. Рачната и автоматска порта е погодно сместена на возачката страна. Надворешниот дизајн ја представува новата генерација на Kia автомобили. Предностите кај Rio се добрата опременост, достапната цена, подбрениот квалитет и атрактивниот нов дизајн кој изнудува воздишки. Сепак слаба страна му се гумите кои ја расипуваат комфорноста, исто така и слабите бензинци кој не се согласуваат со авантуристички залети или лудувања.



Сепак Rio е прогласен за автомобил на годината во Македонија и заслужено го доби тој епитет.

Цената за овој автомобил со изведба со 3 врати ќе се движи од 9.500 евра до 12.500 евра а за изведбата со 5 врати од 10.000 евра до 13.500 евра.

No comments:

Post a Comment