Нуди простор како огромен автомоил пропратено со прилично добра прегледост благодарејќи на високиот преден ветробран Zenith но е малку гласен во внатрешноста и задните седишта не се удобни доволно за подолги патувања.
Citroen во овој модел има солидни мотори. Нуди еколошки и екномични мотори: 3 мотори HDi (70, 90, и 110 кс FAP) и 4 бензинци Euro V (1.1, 1.4i, VTi 95 и VTi 120). Сите се поврзани со петтостепен мануелен менувач освен HDi 110 FAP, кој поседува мануелен менувач со 6 степени, и VTi 120, кој остава избор меѓу петтостепен мануелен менувач и автоматски менувач со 4 степени. Од нула до стотка забрзува за 11 секунди.
Интериерот не е разигран колку и екстериерот но е доста стилски со огромен број на технолоши предности со кои возењето е позабавно. Боите на командната табла се поневпечатливи но затоа тука се хромираните површини да го заживеат просторот. Има висококвалитетни материјали кои се со одлична завршна изработка. Како што спомнавме и предходно на задните седишта им фали простор но затоа просторот наменет за багаж има доволни 300 литри.
Моментално најголем ривал му е малиот VW Polo кој е попросторен и поквалитетен но C3 му дише на врат во скоро сите останати сегменти.
Се на се овој автомобил е одлична изработка на французите и во него најдобро ќе се фклопат млади брачни парови кои сакаат забава но и префинетост при возењето.
Цените на овој автомобил ќе варираат од 10.000 евра до 17.500 евра за најопремениот модел.
No comments:
Post a Comment